10. Јоргос Карагунис (Грција) – 139 настапи
Поранешниот фудбалер на Интер, роден 1977 година, дебитираше пред 15 години против Ел Салвадор, а стана капитен на репрезентацијата на квалификациите за СП 2010. Најголемиот успех го постигна на Европското првенство во Португалија 2004-та, кога Грција стана шампион и ја изненади јавноста. Најмногу жали што поради суспензија не можеше да настапи во финалето.
9. Томас Равели (Шведска) – 140 настапи
Беше дел од репрезентацијата на Шведска во периодот од 1981 до 1997 година, а во топ форма играше за време на Мундијалот во САД 1994 година кога Шведска стигна до трето место. Во четвртфиналето против Романија одбрани два пенали и беше клучен за пласман во полуфинале кое го загубија од Бразил.
8. Марко Кристал (Естонија) – 142 настапи
Тешко е да се стане рекордер во репрезентација која не игра на големите континентални натпреварувања, но на фудбалерот од средниот ред на Естонија тоа му успеа. Никогаш не заигра во најсилните европски лиги, но во периодот од 1992 до 2005-та стана рекордер во својата земја.
7. Лилиам Турам (Франција) – 142 настапи
Со ист број на настапи за националниот дрес може да се пофали поранешниот столб во одбраната на Франција кој настапи на сите големи натпреварувања од 1994 до 2008 година, а кариерата ја заврши поради проблеми со срцето.
Во 1998 година стана Светски шампион, во 2000-та Европски, а во 2006 година играше финале против Италија. На Мундијалот на домашен терен, во полуфиналето против Хрватска постигна два гола за победа на Франција од 2:1 и пласман во финале.
6. Џиџи Буфон (Италија) – 142 настапи
Оваа бројка нема да му стои, бидејќи планира да брани и на следното Светско за 4 години. Стандарден е од 2002-та, а златниот пехар го постигна на Мундијалот во 2006-та. Го надмина рекордон на легендарниот Дино Ѕоф кој бранеше 111 пати за Италија.
36 годишниот Буфон дебитираше во 1997 година на квалификациски меч против Русија за Мундијалот во Франција. Натпреварот заврши 1:1 со автогол на Канаваро и погодок на Виери, а на реваншот Казираги стрелаше за 1:0.
5. Андерс Свенсон (Шведска) – 143 настапи
Специјалистот за слободни удари се повлече од репрезентацијата минатата година по 14 години играње. Со 38 години се уште игра на клупско ниво за Елфсборг каде е од 2005-та. Беше член на младата шведска репрезентација која на Европското во 1998 година ги имаше Османовски, Андерсон и Љунберг.
4. Лотар Матеус (Германија) – 150 настапи
Легендата на германскиот фудбал репрезентативниот дрес го носеше 20 години. Освои Европско во 1980, а по 10 години и Светско. Во 1982 и 1986 година загуби две мундијалски финалиња. Скоро половина од натпреварите ги играше пред падот на Берлинскиот ѕид.
3. Мартин Рием (Естонија) - 156 настапи
„Да играм додека не умрам на терен? Нема шанси“, изјави пред 5 години на својот проштален натпревар фудбалерот на Естонија, Мартин Рием кој настапуваше за Естонија 17 години.
2. Икер Касиљас (Шпанија) – 157 настапи
Дебитираше две и пол години после Буфон, но има одиграно повеќе натпревари од него. Првиот настап му беше на 19 години, а денес со 33 може да се пофали со две Европски (2008 и 2012) и едно Светско првенство (2010). Тој се уште е активен репрезентативец.
1. Витали Аставјевс (Летонија) – 166 настапи
Иако ова име можеби не очекувавте дека ќе ги мине славните кои се во топ 10, сепак летонскиот поранешен играч од средниот ред го држи рекордот по најмногу репрезентативни настапи.
Беше репрезентативец од 1992 до 2010 година, а најголем подвиг му беше учеството на ЕП 2004 кога Летонија се пласираше откако во баражот ја елиминираше Турција. На Еврошампионатот одиграа сензационално реми против Германија. Сега работи како тренер.