Го сметаат за една од иконите меѓу странците во Премиер лигата и вистинска загатка во играта. Беше херој за фер плеј кога спречи гол со раце затоа што се повреди играч, ама и негативец затоа што во нервоза бутна судија.
Но како и да е, Паоло Ди Канио е веројатно запаметен по еден од најдобрите голови во историјата на Премиер лигата, па и општо бидејќи не сме виделе друг пат вакво нешто. Го постигна пред точно 20 години, на 26 март 2020-та на мечот Вест Хем – Вимблдон.
Топката која му дојде беше најлогично да ја прими, но наместо тоа изведе една нејсвојствена акробација со совршена координација. Направи генијален потег за кој е потребна дрска самодоверба и со кој едноставно се надмина себе си.
Некои спортски новинари го опишуваат како гол за наука со имагинација резервирана за вистински фудбалски маестро.
„Можам да разберам зошто постојано го повторуваат, бидејќи тоа беше навистина совршен удар“, изјави Ди Канио.
Навивачите на Вест Хем го изгласаа за најубав гол постигнат на нивниот стадион, FourFourTwo го рангираше на трето место во топ 25, а БиБиСи го прогласи за гол на сезоната. Како и да е, тој сè уште се води за еден од најјаките во историјата на Премиер лигата.
Повеќе од јасно е дека ќе му ја одбележат 20 годишнината.
📅 20 years ago today...
— Sporting Life Football (@SportingLifeFC) March 26, 2020
😲 Paolo Di Canio scored THAT goal for @WestHam - has there been a better goal in Premier League history?#DiCanio #OnThisDayInFootball pic.twitter.com/rBDUVA6yUk
#OnThisDay in 2000, Paolo Di Canio scored that UNFORGETTABLE goal in @WestHamUtd's 2-1 win against Wimbledon 👏🤩 #PL pic.twitter.com/IPIkrEtph7
— Premier League (@premierleague) March 26, 2019