Откако пред 6 дена екипата на Виган која го освои ФА Купот, беше поразена со 4:1 од Арсенал и со тоа испадна во втората англиска лига, Сандерленд веќе и математички си го обезбеди опстанокот, а на тоа најмногу се израдуваа Бардсли и Килгалон.
Двајцата играчи на Сандерленд опстанокот го прославија во казино, но очигледно дека алкохолот си го сторило своето, па фудбалерите покриени со банкноти се испружија на земја. Очекувано на ова најмногу збесна нивниот тренер кој рече дека нема да заиграат.
„Не е проблем ако излезат со пријателите и се вратат во 2 или во 3 после полноќ, но такво недолично однесување со алкохол не е дозволиво", изјави Ди Канио.
Италијанскиот стратег минатата недела парично казни 7 свои фудбалери затоа што не им потпишале автограми на своите навивачи, а не сакаше да ги пушти своите играчи на одмор веднаш по последниот меч во сезоната.