На 12. февруари 2000-та првенствен меч од Премиер лигата играа Вест Хем и Брадфорд. За некое чудо гостите водеа 2-4, но Вест Хем направи целосен пресврт со погодоците на Ди Канио, Џо Кол и Френк Лампард и победи 5-4.
Освен по спектаклот и деветте гола, мечот ќе остане запаметен и по однесувањето на Ди Канио. Судијата неколку пати не досуди чист пенал по стартовите врз Италијанецот, по што Ди Канио се затрча кон тогашниот тренер Хари Реднап и побара да го замени.
„Не сакам да играм веќе. Смени ме, овој не е нормален“, му довикуваше Ди Канио на Реднап. Тренерот сепак го доведе во ред и го остави во игра до крајот.
На 25 минути пред крајот од мечот, при резултат 2-4 за Брадфорд конечно пенал за Вест Хем. 22-годишниот Френк Лампард ја зема топката да го изведе пеналот, но му пријде Ди Канио и почнаа да се расправаат. Италијанецот го изведе пеналот и намали на 3-4.
На крајот се исплатеше залагањето на познатиот фашист, затоа што домаќините нападнаа сè посилно а тоа им донесе целосен пресврт. Најпрвин Џо Кол израмни на 4-4, а на крајот Лампард му донесе победа и големи три бода на Вест Хем.
„Постојат два начини да се вратиш од битка - со главата на непријателот во рацете или без твојата“, изјави Ди Канио во една прилика.
Подоцна се врати во Лацио каде навивачите го гледаат како крал. По завршувањето на играчката кариера стана тренер на Сандерленд.
„Нема теорија да го напуштам Вест Хем за Манчестер Јунајтед. За мене фудбалот никогаш не бил бизнис, туку најголема страст“, констатираше Ди Канио на прашањето зошто го одбил Јунајтед.
Сите девет гола од мечот Вест Хем - Брадфорд 5-4: