Кампањата со наслов „Втора работа за резервите" започна на Твитер со хаштаг #2ndJobsForSubs каде се исмеваа познати фудбалери кои ги греат клупите на нивните тимови.
Од Твитер, кампањата се префрли и на улиците и во близината на стадионот на Челси беше поставен билборд со сеир за Фернандо Торес на кого му понудија работа како скараџија во комбе за продавање хамбургери.
Но челниците на Челси се побунија и локалните власти наредиле отстранување на билбордот.
Сепак кладилницата на крајот повторно искочи како победник. Тие паркираа комбе под местото каде што беше билбордот и сега рекламата повторно е поставена спроти Стемфорд Бриџ.
Кладилница Paddy Power - Челси 2:0