Сигурно се сеќавате на маркетинг трикот на Paddy Power за време на Европското првенство во Полска и Украина со гаќите на Никлас Бентнер. Кладилницата тогаш ја плати казната од 100.000 на данскиот репрезентативец, но тие си добија голема реклама затоа што цел свет пишуваше за гаќите на Бентнер по постигнувањето на неговиот гол против Португалија.
Очигледно маркетинг секторот во Paddy Power заслужува покачување на платите. Тие повторно смислија кампања со која за ситни пари ќе добијат реклама за која ќе зборува цел свет.
Кампањата со наслов „Втора работа за резервите" започна на Твитер со хаштаг #2ndJobsForSubs каде се исмеваа познати фудбалери кои ги греат клупите на нивните тимови.
Од Твитер, кампањата се префрли и на улиците. Последниот билборд кој е поставен во близината на стадионот на Челси е реклама со сеир за Фернандо Торес на кого му понудија работа како скараџија во комбе за продавање хамбургери.
Со билборд пред стадионот на Арсенал, на Аршавин му предложија да биде чистач и да одзатнува тоалети.
Босингва одби да седи на клупата на КПР против Фулам, па од Paddy Power му понудија да облече жолт елек и да биде редар на стадионот.
За Дарен Бент од Астон Вила најдоа работа во клупскиот фан шоп.
А на Питер Одемвинге од ВБА кој без никаква дозвола од клубот отиде да преговара во просториите на КПР, но тие таму не му отвориле врата, му предложија да биде биде возач на автобусот на навивачите.