На денот на католички Божиќ имаме една анегдота за Паоло Ди Канио, која завршува во Ди Канио стил. Кој сака нека е, јас тука љубам да играм.
Кога бев во Вест Хем во 2001-ва, на прв ден Божиќ за време на ручек ми ѕвони телефонот. Одговарам и слушам глас со шкотски акцент. Прашувам на англиски „кој е?“ Ми враќа кусо. „Алекс е“. „Кој Алекс?.“ „Алекс Фергусон.“
Јас почнав да пцујам на италијански бидејќи мислев дека ме ремети еден пријател. Не можев да поверувам дека баш на мене за Божиќ ќе ми се јави Алекс Фергусон. Но тој продолжи да зборува и муабетот стана сериозен.
„Сакаш ли да дојде кај нас?“, ме прашува Ферги. „Не можам, играм за Вест Хем и сакам да останам тука“. Тој инститираше и на крај разговорот го завршивме дека не можам. Голема чест е, но сакам да останам во Вест Хем и тука да ја завршам кариерата.
Една година подоцна повторно за Божиќ, повторно ми заѕвони телефонот и повторно пцуев бидејќи откако им раскажам за случката на пријателите, овој пат стварно мислев дека е шега. За среќа Фергусон не разбираше италијански.
И на овој разговор имаше обид повторно да ме земе во Манчестер. Ми рече дека ако решам да играм за Јунајтед, ќе ме стави на позиција веднаш зад Ван Нистелрој. Тоа беше неверојатен предлог. Како беше мене? Плус на 30 години.
Бев навистина затечен, но пак од внатре нешто ме блокираше. И овој пат повторно му се заблагодарив и му одговорив со „не“. Потоа раскажуваше дека јас сум бил еден од неговите тројца играчи за кои жалел што ги нема и тоа ме прави многу горд.
Со тек на време сум размислувал повеќе пати што ќе се случеше ако потпишев за Манчестер кој во тоа време беше еден од најјаките во свет.
Пријателите и луѓе од фамилија ми велеа често дека сум будала што сум одбил таков предлог. Исто и јас сум се запрашал: „Бев луд што одбив?“. Одговорот е „Да“, луд бев од љубов кон Вест Хем.