Фудбалерите се слабо платени?

И покрај тоа што фудбалот е „најважната споредна работа на светот" која полека но сигурно станува повеќе бизнис од спорт, фудбалерите далеку заостануваат со платите зад нивните колеги од другите спортови. Не му го покажувајте текстов на Кристијано Роналдо.

Откако минатиот месец Кристијано Роналдо изјави дека е тажен, шпанските медиуми шпекулираа дека причината за неговата тага е малата плата. Тој важи за еден од најдобрите фудбалери на планетата, но сепак дури девет други играчи имаат поголеми плати од него.

Во каква ли само депресија ќе падне ако дознае дека неговата плата е еднаква со онаа на 52-ро најдобро платениот безбол играч од МЛБ лигата?

Кристијано Роналдо од Реал Мадрид добива плата околу 13 милиони долари годишно што е минималец ако се спореди со другите спортови. Тој зема плата колку Ендрју Богут од Голден Стејт, 36-от најдобро платен кошаркар во НБА лигата, односно Мет Рајан, 13-от најдобро платен рагбист од Атланта Фалконс и Тревис Хафнер, 52-от на листата на најдобро платени безбол играчи од МЛС лигата.

Меси со 13,6 милиони долари е на исто рамниште со Тајсон Чендлер од Њујорк Никс кој е 29-ти најдобро платен во НБА, исто колку и 10-от најдобро платен во НФЛ и 49-от во МЛБ.

Единствен кој што до некаде може да се носи со платите на играчите од другите спортови е најдобро платениот фудбалер на планетата, Самуел Ето. Тој во Анжи заработува околу 26 милиони долари годишно, што е многу повеќе од најдобро платениот рагбист во НФЛ (Двајт Фрини со 19 милиони долари).

Сепак Ето заработува помалку од најдобро платениот кошаркар, Коби Брајант (27,8 милиони долари) и најдобро платениот безбол играч, Алекс Родригез (30 милиони долари).

9 октомври 2012 - 14:49