Втора трка во серија, односно трета оваа сезона за Себастијан Фетел кој трет пат во својата кариера триумфира на трката во Јапонија.
Фетел беше прв на квалификациите, а доминираше и во текот на целата трка која ја заврши со време 1:28:56.242 часа.
Тој го искористи испаѓањето на Алонсо и му се доближи на само четири поени. Лидерот на генералниот пласман излета од патеката уште на првиот круг по контактот со Раиконен.
Фелипе Маса стартуваше од 10-та позиција и успеа да заврши како втор со задоцнување од 20 секунди, а за прв пат во својата кариера на пиедесталот се искачи и домашниот миленик, Камуи Кобајаши од Заубер.
Формула 1 шампионатот продолжува следната недела кога ќе се вози трката во Јужна Кореја.