А кога пристигна и делегацијата од државата донатор Франција и кога сите се растрчаа на сите страни бев убеден дека донацијата е нешто големо.
И додека домаќинот и гостите разговараа секако во присуство на преведувач гледам долу на теренот поставуваат една количка, не е баш како нашите за песок носење туку, количка со капак. Домаќинот на стадионот Блаже доби задача да ја наполни со вар за со нејзина помош се обележи теренот. И кога се беше направено според протоколот излегоа и гостите и нивните домаќини на зелениот терен. Почнаа да држат говори, еден по еден и така речиси околу половина час.
Кога сфатив од говорите дека „големата" „спектакуларна" донација е „нејзиното височество" количката која на нашиот пазар не верувам дека би достигнала цена од 30 Евра, се прекрстив за што добив мала цинична критика од еден од организаторите на оваа грандиозна претстава.
Количката од Кочани стана сензација на интернет и оваа вест си доби свое продолжение. Клик тука.