По победата во минатото коло над Широки, тренерот на МЗТ, Александар Тодоров изјави дека со оглед на прикажаното на теренот и бројот на загубени топки, неговата екипа треба да е среќна што го доби натпреварот.
Но во меѓувреме тие не ја научија лекцијата. Во првото полувреме кошаркарите на МЗТ загубија 10 топки по што на паузата заминаа со заостанување од 12 поени (47:35).
Во третата четвртина предноста на Будуќност достигна и 19 поени (59:40), а пред крајот на натпреварот МЗТ направи серија со која намали на -7 (73:66), но немаа сили за поголем подвиг и загубија со конечни 81:71.
Најефикасен во екипата на МЗТ беше Дамјан Стојановски со 13, поени, Кејд Дејвис постигна 11, а Николиќ забележа 10 поени и 10 скокови. Во спротивниот табор најефикасен беше Витковац со 19 поени.
Во следното коло МЗТ ја пречекува екипата на Раднички од Крагуевац.