Сите се израдуваа на вчерашната вест за новото спонзорство во Њукасл. Клубот ќе си ја збогати касата за 24 милиони фунти, спонзорот ќе добие добра реклама, а навивачите ја добија битката за враќање на старото име на стадионот, „Сент Џејмс Парк".
Единствени кои не се израдуваа на оваа вест се муслиманите кои играат за Њукасл, а ги има четворица: Демба Ба, Папис Сисе, Шеик Тиоте и Хатем Бен Арфа.
Причината за тоа е дејноста на новиот спонзор. Се работи за компанијата Вонга која се занимава со давање на краткорочни заеми.
Проблемот е што според законите на Шеријатот, муслиманите не смеат да профитираат од давање пари, односно од камати.
Секретарот на британскиот муслимански совет ги посоветува фудбалерите на Њукасл да одбијат да го носат логото на нивните дресови.
Сличен проблем имаше и францускиот напаѓач Фредерик Кануте кој додека играше за Севиља одби да го носи логото на кладилницата 888.com на својот дрес.