Трката за титулата во Формула 1 станува многу интересна. Со три победи во серија, Себастијан Фетел успеа да дојде во водство во генералниот пласман на четири трки до крајот на сезоната.
Фетел на самиот старт го претекна клупскиот колега Марк Вебер кој на крајот заврши на втората позиција. На третата позиција заврши Фернандо Алонсо, а зад него беше Фелипе Маса кој не смееше да го нападне Шпанецот.
Во генералниот пласман сега Себастијан Ветел води со 215 поени, а шест поени помалку има Фернандо Алонсо.
Следна на распоредот е трката во Индија на 28 октомври.