
Рангирањето на Euro Club Index (ECI) е направено според резултатите остварени на клубовите од првите лиги на европските држави во домашните и меѓународните натпреварувања.
Со 1161 поен, ФК Вардар се наоѓа на 476-та позиција од вкупно 721 клуб. Зад Вардар на 478-та позиција со 5 поени помалку се наоѓа Металург, а на 500-та позија е Металург. Следат Шкендија (508), Работнички (542), Турново (563), Брегалница (599), Напредок (600), Силекс (605), Тетекс (621), Дрита (636) и Пелистер на 641-та позиција.
Од фудбалските клубови од нашиот регион, најдобро рангиран е Партизан на 112-та позиција, а Динамо е 116-ти. Црвена Звезда е на 158-та, а Жељезничар од Сараево е на 255-та позиција.
Најдобро рангиран европски клуб е Барселона со 4476 поени пред Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Манчестер Сити.
Врз основа на нивните статистики, ECI прават и предвидувања на првенствата, па така според нив, шансите дека Барселона ќе ја освои Лигата на шампиони се 41%, следи Реал Мадрид со 32,5% а шансите на Манчестер Јунајтед за европска титула се само 8,2%.