Македонија падна на дното во групата А

На останатите натпревари од нашата квалификациска група, Србија загуби на домашен терен од Белгија, а Велс ја победи Шкотска, со што Македонија сега падна на последното место.

Репрезентацијата на Србија го претрпе првиот пораз во квалификациите. Србите доживеаја вистински дебакл во Белград откако беа поразени од Белгија со 0:3 со головите на Бентеке, Де Брујн и Мираљас.

На вториот натпревар од нашата група, Велс ја победи Шкотска со два гола во последните десет минути. Први поведоа Шкотланѓаните со голот на Морисон, но потоа Герет Бејл со головите во 81-та минута и во последните моменти им донесе победа на домаќините.

Со оваа победа Велс се искачи на 4-та позиција со 3 поени, а Македонија падна на 6-та позиција со само 1 освоен поен.

ГРУПА А

Македонија – Хрватска 1:2
Србија – Белгија 0:3
Велс – Шкотска 2:1

Табела:
1. Белгија 7
2. Хрватска 7
3. Србија 4
4. Велс 3
5. Шкотска 2
6. Македонија 1

13 октомври 2012 - 00:46