Местењето на фудбалски натпревари зема голем замав, посебно во азиските земји каде оперираат организирани синдикати. Разбивањето на обложувачката мафија е многу тешко, па затоа челниците на Фудбалската федерација на Сингапур се решија да ги откриваат местачите помеѓу фудбалерите со помош на детектор за лага.
Секој фудбалер во Сингапур потпишува документ со кој се согласува дека во било кое време може да му биде направен полиграфски тест. Па така луѓето задолжени за откривање на местени натпревари можат да извршат тестирање на фудбалер веднаш по натпреварот, но тие исто така шетаат и по целата земја и им прават испитувања на фудбалери по случаен избор.
Во меѓувреме, FIFPro - меѓународниот синдикат на професионални фудбалери го осуди планот на газдата на бугарскиот клуб Локомотив Пловдив. Според нив, полиграфот не секогаш е точен (во право се) и овие тестови треба да се користат во одбрана, а не за обвинување