Екипата на Локомотив од Пловдив во саботата во рамките на шестото коло од бугарското првенство беше поразена со 1:0 на гостувањето кај Ботев Враца.
Оваа победа на Ботев беше голема сензација ако се знае дека до пред ова коло на петте одиграни натпревари тие забележаа исто толку порази со само еден постигнат гол и 15 примени, а Локомотив немаше ниту еден пораз.
Бесниот сопственик на поранешниот бугарски шампион, Веселин Марешки за локалните медиуми изјавил дека никој не е имун од порази, но овој е многу чуден и сака да се осигура дека зад поразот не стојат никакви други фактори освен спортски, па фудбалерите и тренерот ќе ги прати на детектор за лага.
Коефициентот во кладилниците за победа на Ботев беше 15.