Скандалот Калчополи или „Моџиополи" по тогашниот директор на Јувентус, Лучиaнo Моџи, изби во мај 2006-та година и во овој скандал беа инволвирани повеќе клубови од Серија А и Серија Б. Јувентус беше исфрлен во Серија Б и му беа одземени две титули, а казнети беа и Милан, Фиорентина, Лацио и Реџина.
Но италијанскиот суд се уште не заврши со казнување на актерите од овој скандал. Последни на листата од обвинети лица кои заработија казни се судиите кои биле вмешани во местењето натпревари.
Човекот задолжен за делегирање на судиите, Паоло Бергамо доби најголема казна и тој на Фудбалската федерација на Италија ќе треба да и исплати милион евра. Неговиот колега Пјерлуиџи Паирето ќе плати 800.000 евра.
Судиите Масимо Де Сантис и Тулио Ланесе ќе платат по 500.000 евра, а помали казни заработија уште девет други судии.
Поранешниот потпретседател на федерацијата, Иноченцо Мацини е казнет со 700.000 евра.