Роналдо е главен на Фејсбук и Твитер

Португалецот кој вечерва ќе го прослави својот јубилеен 100-ти натпревар за националниот тим, стана првиот спортист кој собра над 50 милиони фанови на Фејсбук, а во исто време е и најпопуларен спортски „бренд" на Твитер.

До сега тоа им успеа само на неколку музички ѕвезди, а од вчера помеѓу најпопуларните ликови на Фејсбук со 50 милиони фанови се вброја и Кристијано Роналдо.

Роналдо води вечна битка со Меси на фудбалските терени, но на Фејсбук го води со огромна разлика. Лионел Меси има 38,5 милиони фанови, а трет најпопуларен спортист е Дејвид Бекам со 21 милион. Зад нив е Мајкл Џордан со 20,5, а Кака има 18,7 милиони фанови.

Најпопуларна спортистка е Марија Шарапова со 8,4 милиони фанови.

Кристијано Роналдо е најпопуларен спортист и на Твитер, каде има поголема популарност и од спортските брендови.

Роналдо има 13,8 милиони следбеници, пред Кака со 13,1, а зад нив е клупскиот профил на Барселона со 7,1 милиони следбеници.

Следат Шекил О'Нил, Леброн Џејмс и профилот на НБА, а на седмата позиција е клупскиот профил на Реал Мадрид пред Нејмар, Вејн Руни и Роналдињо.

16 октомври 2012 - 14:09