820 - Икер Касиљас немаше примено гол на девет натпревари, односно 820 минути пред Жиру да ја прекине неговата серија со гол во 94-та минута. Ова е трет пат како Касиљас го руши рекордот. Прв пат во 2005-та година кога со 685 минути го собори рекордот на Зубизарета од 567 минути, а вториот пат беше во 2008-та година кога 708 минути немаше примено гол.
636 - Тој е 4-ти на листата со 636 настапи за Реал Мадрид. Пред него се Сантиљана (645), Маноло Санчис (711) и Раул (741 настапи).
509 - На Европското првенство во Полска и Украина, Касиљас го постави и рекордот со 509 минути без примен гол на ЕП. Претходниот рекорд го држеше италијанскиот голман Дино Ѕоф со 494 минути.
142 - Со 31 година, Икер Касиљас има 142 настапи за репрезентацијата на Шпанија.
104 - За време на ЕУРО 2012, Касиљас стана првиот фудбалер кој прославил 100 победи на интернационално ниво. Во моментов тој има 104 победи со националниот тим.
82 - Касиљас го држи рекордот со 82 интернационални натпревари без примен гол. Зад него е Едвин ван дер Сар со 72 натпревари.
14 - Со Реал Мадрид има освоено вкупно 14 трофеи, најмногу од неговите соиграчи.
9 - На минатиот натпревар против Белорусија се израмни со Сантјаго Канизарес за број на натпревари во низа без примен гол.
3 - Касиљас беше капитен на Шпанија при освојување на три од четирите трофеи од интернационални првенства (ЕУРО 2008, СП 2010 и ЕУРО 2012). Претходно Шпанија го има освоени и Европското првенство во 1964-та година.
2 - Тој на два пати ја освои престижната награда „Принц на Астурија". Оваа година заедно со Чави, а во 2010-та година заедно со репрезентацијата на Шпанија по триумфот во Јужна Африка.
1 - Икер Касиљас има освоено една награда „Замора" за најмалку примени голови во сезоната 2007/08 и наградата „Златна ракавица" за најдобар голман на Светското првенство во 2010-та година.