Освојувачот на рекордни 17 Гренд слем трофеи, Роџер Федерер ја започна јубилејната 300-та недела на врвот на АТП листата од кои рекордни 237 последователни недели во периодот од 2004-та до 2008-та година.
Зад него се Пит Сампрас со 286 недели и Иван Лендл кој помина 270 недели на врвот на АТП листата.
Меѓутоа разликата помеѓу Федерер и Ѓоковиќ се топи. Србинот сега заостанува само 195 поени и може да го презеде врвот уште на турнирот кој од 20 октомври ќе се одржи во Базел, родниот град на Федерер.
Освен што ја намали разликата, Ѓоковиќ со триумфот во Шангај надмина и еден рекорд на Федерер. Тој е првиот тенисер кој триумфирал на седум различни турнири од Мастерс серијата.
Од актуелните Мастерс турнири, Ѓоковиќ има триумфирано на Индијан Велс, Мајами, Мадрид, Рим, Канада, Шангај и Париз, а му недостасуваат уште титулите од Монте Карло и Синсинати.