Легендата на бугарскиот фудбал и херој од Светското првенство во 1994-та година, Цанко Цветанов доби отказ од прволигашот Етар. Најверојатно во третиот обид претседателот на клубот ќе има среќа, затоа што претходно не тоа во два наврати не му успеа.
Првиот пат беше во август, а потоа тој повторно доби отказ во септември. Но и во двата наврати управата на клубот беше приморана да го врати Цветанов на тренерската позиција заради големите протести од страна на навивачите.
Овој пат тој беше отпуштен заради изјави во медиумите со кои го навредил турскиот сопственик на клубот и го нарушил угледот на Етар.
Фудбалскиот клуб Етар е поранешен шампион на Бугарија од 1991-та година, а минатата сезона по пауза од 14 години под водство на Цветанов тие се вратија во првата лига и тој стана миленик на навивачите.