Во сезоната 2010/2011, фудбалскиот клуб Мадрон се натпреваруваше во 13-та по ранг лига во Англија и заврши на последното место со 28 порази по исто толку одиграни натпревари и гол разлика од -395 голови.
Оваа сезона се малку подобри. Сега играат во 14-та лига и по четири натпревари имаат една победа и три порази со гол разлика -14.
Но тоа се само бројки за момците од Мадрон на кои можеби им недостасуваат победи, но сигурно не им недостасува спортски дух и страст кон фудбалот. Токму затоа, телевизискиот канал Channel 4 реши да сними краток документарец за овој тим.