Некои спортски клубови очајно се обидуваат да привлечат повеќе публика на нивните натпревари. Фудбалските клубови од Обединетите Арапски Емирати им плаќаат дневници, фудбалерите на Динамо Загреб на еден среќник ќе му дадат 125.000 евра, а женскиот ракометен клуб Подравка ќе ги части гледачите.
Во минатото постоеше голема заинтересираност за натпреварите на Подравка и се бараше влезница повеќе, но сега не само што нема влезници, односно влезот на натпреварот против словенечки Крим ќе биде бесплатен, туку гледачите ќе си добијат и награди.
Првите 50 гледачи ќе добијат маици, а сите останати ќе добијат хот-дог и чај. Децата ќе добијат и грицки од спонзорот Подравка.