Адвокатите на Младен Бојиновиќ откриле голем број на процедурални пропусти заради кои може да дојде до прекинување на казнената постапка против уапсените ракометари.
Исто така, според дисциплинскиот правилник на Француската ракометна федерација, кладењето на интернет се смета за лесен прекршок, па не постојат причини за суспензија на ракометарите.
Заради слични пропусти од обвиненијата можат да бидат ослободени и браќата Карабатиќ затоа членот за кладењето на интернет во етичкиот кодекс на федерацијата бил вметнат на 28 јуни, односно повеќе од еден месец по одигрувањето на наместениот натпревар.