Коло на пресврти во Премиер лигата

Челси, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити беа во негатива, но на крајот извојуваа победи. Во 8-то коло од англиската Премиер лига победи забележаа и Ливерпул, Фулам, Свонси и Вест Хем, а Арсенал загуби на гостувањето кај Норич.

Интересно коло во Премиер лигата. Најинтересно беше во Лондон каде Челси го доби лондонското дерби. ОВа беше прв пораз на Тотенхем на домашен терен против екипа од Лондон во последните пет години.

Лудиот натпревар го најави Кејхил со гол во 17-та минута, но потоа домаќините направија пресврт на стартот од второто полувреме.

Сепак Челси направи нов пресврт со двата гола на Мата и еден на Стариџ за конечни 2:4 и зацврстување на врвот на табелата.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Стоук помина во знакот на Вејн Руни кој најпрво си постигна автогол за водство на Стоук, но потоа израмни, а со вториот гол во 65-та минута и ја потврди победата од 4:2.

За Јунајтед погодија и Ван Перси и Велбек, а вториот гол на Стоук го постигна Кајтли.

Со пресврт и тоа со играч помалку победи и Манчестер Сити на гостувањето кај ВБА. Домаќините имаа фудбалер повеќе уште од 23-та минута откако Милнер заработи црвен картон, а поведоа во 67-та минута со голот на Шејн Лонг. Сепак Един Џеко со голови во 80-та и 92-та минута му го донесе триумфот на актуелниот шампион.

Македонскиот интернационалец Горан Попов го преседе целиот натпревар на клупата на ВБА.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 8. коло:

сабота:
Тотенхем - Челси 2:4 (0:1)
Галас 47, Дефо 54 - Кејхил 17, Мата 66, 69, Стариџ 90+1

Манчестер Јунајтед - Стоук 4:2 (2:1)
Руни 27, 65, Ван Перси 44, Велбек 46 - Руни 11аг, Китли 59

ВБА - Манчестер Сити 1:2 (0:0)
Лонг 67 - Џеко 80, 90+2

Ливерпул - Ридинг 1:0 (1:0)
Стерлинг 29

Фулам - Астон Вила 1:0 (0:0)
Берд 84

Свонси - Виган 2:1 (0:0)
Хернандез 65, Мичу 67 - Бојс 69

Вест Хем - Саутемптон 4:1 (0:0)
Нобл 46 72п, Нолан 48, Маига 87 - Лалана 64

Норич - Арсенал 1:0 (1:0)
Холт 20

недела:
14:30 Сандерленд - Њукасл
17:00 КПР - Евертон

20 октомври 2012 - 19:26