Даниел Агер од Ливерпул му ја украде топката од зад грб на голманот на Анжи и постигна гол на синоќешниот натпревар од Лига Европа. Но судијата Бас Нијхуис кој ја делеше правдата и на натпреварот Македонија-Србија, го поништи овој погодок и му покажа жолт картон на данскиот интернационалец.