Таг: анжи махачкала

Кога фудбалерите си ги штитат навивачите

Ако малиот сака само фотка и не прави бељи нема потреба да го апсиш. Така и смета и Бернард Бериша од Косово кој игра за Анжи и кој го извади од кал навивачот кој ќе си имаше работа со сомнителен член на обезбедувањето.

Убавата страна на руските стадиони

Тоа што во западните медиуми се озлогласени (со право или без) како извор на расизам, нетрпеливост и генерално хаос, не значи дека на руските стадиони не вирее ред, мир и убавина.

Најамбициозниот руски проект заврши во втора лига

Толку од ветувачката европска сензација, Анжи Махачкала. Милијардерот Керимов кој на Роберто Карлос му купи за роденден автомобил од 1,8 милиони евра и го направи Ето најплатен фудбалер во историјата, дигна рачна затоа што неговиот клуб немал доволно среќа.

Руски фотељи за Тотенхем

Екипата на Анжи поради конфликтот во Република Дагестан не може да ги игра натпреварите во својата земја, па затоа патува речиси 2000 километри и ги пречекува гостинските екипи на стадионот „Сатурн“. Но таму очигледно како да се работи за друга планета, па наместо во стандардна соблекувална, фудбалерите на Тотенхем вчера ги сместија во малку поинаков амбиент.

Анжи го отпушти тренерот по 16 дена

Поранешниот асистент на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, Рене Меленстен ќе биде запишан во некоја книга на рекорди, но по лошо. Тој издржа само 16 денови на клупата на рускиот клуб Анжи.

Што донесе богатството на Сулејман во Анжи

Клубот кој постои само две децении и за кој почна да се пишува поради Самуел Ето е дел од не баш прочуената руска република Дагестан во која владее сиромаштија и каде се пука. Рускиот милијардер се расфрла со пари во земја каде просечната месечна плата е 183 евра.

(Не)регуларниот гол на Агер

Даниел Агер од Ливерпул му ја украде топката од зад грб на голманот на Анжи и постигна гол на синоќешниот натпревар од Лига Европа. Но судијата Бас Нијхуис кој ја делеше правдата и на натпреварот Македонија-Србија, го поништи овој погодок и му покажа жолт картон на данскиот интернационалец.

Анжи Махачкала, следната европска фудбалска велесила

Ќе успее ли 146-от најбогат човек на планетата, рускиот милијардер Сулејман Керимов со своите 6,5 милијарди долари да го однесе Анжи помеѓу големите европски фудбалски сили?