Екипата на Анжи поради конфликтот во Република Дагестан не може да ги игра натпреварите во својата земја, па затоа патува речиси 2000 километри и ги пречекува гостинските екипи на стадионот „Сатурн“. Но таму очигледно како да се работи за друга планета, па наместо во стандардна соблекувална, фудбалерите на Тотенхем вчера ги сместија во малку поинаков амбиент.