Пред неколку денови шпанска Marca успеа да ги дознае гласовите на Икер Касиљас кој има право на глас во изборот за „Златна топка" како капитен на репрезентацијата на Шпанија.
На општо изненадување, максималниот број на поени нема да одат за Кристијано Роналдо, туку за Серхио Рамос, а Роналдо е на второто место. Еден поен од Касиљас ќе оди и за неговиот соиграч од репрезентацијата и негов добар пријател, Чави од Барселона.
Денес шпанските медиуми ги открија поените на Касиљас и во изборот за најдобар тренер. Тој најмногу поени нема да му даде на неговиот клупски тренер, туку на селекторот на репрезентацијата, Висенте дел Боске.
На второто место е Жозе Мурињо, а еден поен ќе добие тренерот на Челси, Роберто Ди Матео.