ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3. КОЛО:
Група А:
Порто - Динамо Киев 3:2 (2:1)
Варела 15, Мартинез 36, 78 - Гусев 20, Идеје 72
На интересен натпревар со пет голови, португалскиот шампион го совлада Динамо Киев со 3:2 и го продолжи максималниот учинок по три кола во Лигата на шампиони.
Динамо Загреб - ПСЖ 0:2 (0:2)
Ибрахимови 33, Менез 43
Динамо Загреб можеби одигра подобро од претходните два дуели, но сепак тие немаа сили да го сопрат ПСЖ.
Група Б:
Арсенал - Шалке 0:2 (0:0)
Хунтелар 76, Афелај 86
Фудбалерите на Арсенал се изнапромашуваа, но не и гостите од Германија. Тие искористија две свои шанси и го напуштија Лондон со трите поени.
Монпеље - Олимпијакос 1:2 (0:0)
Карбоние 49 - Торосидис 73, Митроглу 90+3
Францускиот шампион имаше водство од почетокот на второто полувреме, но Олимпијакос успеа да триумфира со голем пресврт и гол во судиското продолжение.
Група Ц:
Зенит - Андерлехт 1:0 (0:0)
Кержаков 72пен
Руски Зенит минимално славеше над Андерлехт и ја забележа првата победа во Лигата на шампиони оваа сезона. Стрелец на единствениот погодок беше Александар Кержаков од пенал за кого ова беше 200-ти гол во кариерата.
Малага - Милан 1:0 (0:0)
Хоакин 64
Малага можеше да поведе уште пред крајот на првиот дел, но Хоакин ја погоди пречката со удар од белата точка. Сепак тој од трагичар стана херој откако ја затресе мрежата во 64-та минута.
Група Д:
Ајакс - Манчестер Сити 3:1 (1:1)
Де Јонг 45, Моисандер 57, Ериксен 68 - Насри 20
На англискиот шампион повторно му се заканува рана елиминација откако по три кола има само еден поен. Овој пат Манчестер Сити доби лекција од Ајакс и заслужено загуби со 3:1.
Борусија Дортмунд - Реал Мадрид 2:1 (1:1)
Левандовски 36, Шмелцер 64 - Роналдо 38
На Реал Мадрид не му оди во Германија каде тие имаат триумфирано само еднаш на последните 24 дуели. Овој пат тие се судрија со германскиот шампион кој ја забележа 15-та победа на последните 17 дуели во Дортмунд.
Домаќините поведоа со голот на Левандовски по една грешка на Пепе, но само по две минути Реал Мадрид израмни со лоб од Роналдо. Победничкиот гол за Борусија Дортмунд беше дело на Шмелцер кој одбиената топка од Касиљас ја смести во неговата мрежа за конечни 2:1.