Предраг Самарџиски одигра одлична партија за Литвос Ритас во победата од 69:61 над Партизан. Македонскиот репрезентативен центар забележа 14 поени, 5 скока, 1 блокада и 1 асистенција. Тој заедно со Саибутис беа најефикасни во победничкиот тим.
Перо Антиќ со актуелниот шампион Олимпијакос беа изненадени на домашен терен од Жалгирис. Гостите славеа со 61:79, а Антиќ одигра 12 минути и реализираше 5 поени и 1 скок.
Пораз на домашен терен забележа и Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче. Турскиот тим загуби со 75:83 од Реал Мадрид, а македонскиот репрезентативец на паркетот помина 29 минути и имаше учинок од 12 поени, 4 скока, 3 украдени топки и 1 асистенција.