Група Е:
Нордсјеленд - Јувентус 1:1 (0:0)
Бекман 51 - Вучиниќ 81
Малиот дански тим го направи најголемото изненадување на првиот ден од третото коло. Екипата на Нордсјеланд го постигна својот прв гол во Лигата на шампиони, а до крајот на натпреварот Јувентус успеа да искористи само една од повеќето создадени шанси и го забележа и третото реми.
Шахтјор - Челси 2:1 (1:0)
Тешеира 3, Фернандињо 53 - Оскар 88
Украинскиот шампион кој е непоразен 11 месеци, продолжи со одличните игри и против актуелниот шампион. Шахтјор го надигра Челси во текот на целиот натпревар и водеа со головите на Тешеира и Фернандињо, а гостите само постигнаа почесен погодок пред крајот на натпреварот.
Група Ф:
БАТЕ Борисов - Валенсија 0:3 (0:1)
Солдадо 45+1пен,56, 69
Валенсија го „приземји" чудото од Белорусија. БАТЕ беше рамноправен противник се до пред крајот на првото полувреме, но тогаш на сцена стапи Солдадо кој ги реши домаќините со хет-трик.
Лил - Баерн 0:1 (0:1)
Милер 20пен
Баерн и го нанесе и третиот пораз на екипата на Лил. Баварците ја имаа иницијативата во текот на целиот натпревар, но славеа минимална победа и тоа со гол од сомнителен пенал.
Група Г:
Спартак Москва - Бенфика 2:1 (2:1)
Кариока 3, Жардел 43 аг - Лима 33
На првиот натпревар одигран денес, Спартак Москва ја забележа првата победа совладувајќи ја Бенфика со голови во првото полувреме.
Барселона - Селтик 2:1 (1:1)
Иниеста 45, Жорди Алба 90+3 - Маскерано 21аг
Шкотланѓаните беа блиску до изненадување во Барселона. Селтик имаше водство благодарение на автоголот на Маскерано, но израмни Иниеста пред крајот на првото полувреме. Во вториот дел одбраната на Селтик и голманот Фостер успеваа да ги задржат налетите на Барселона, но потклекнаа во судиското продолжение.
Група Х:
Манчестер Јунајтед - Брага 3:2 (1:2)
Чичарито 27,76, Еванс 62 - Алан 2,22
Минатото коло Брага го изненади Галатасарај, а малку недостигаше да го повторат успехот и во Манчестер. Португалците имаа водство од 0:2 по дваесетина минути, но тогаш се разбудија домаќините и до крајот направија целосен пресврт за триумф од 3:2.
Галатасарај - Клуж 1:1 (0:1)
Јилмаз 77 - Нункеу 19аг
Романскиот Клуж поведе во Истанбул во 19-та минута, но од 28-та минута тие останаа со играч помалку. Сепак домаќините ја искористија предноста до крај. Мело промаши пенал во првото полувреме, а во вториот дел Јилмаз успеа само да израмни.