По серија слаби резултати, челниците на шкотскиот второлигаш Думбартон во понеделникот го отпуштија тренерот Алан Адамсон и ги повикаа заинтересираните тренери да аплицираат за испразнетото место. Апликантите ги праќале своите CV-a на мејлот на извршниот директор, но тој сега се покаја за тоа.
„Имаме многу апликации и потребно ми е време да ги разгледам сите затоа што трошам премногу време на читање биографии од луѓе кои ја освоиле Лигата на шампиони на ФИФА 12. Околу 75% од апликациите се од луѓе што имале одлични резултати со своите тимови, но само на компјутер", изјави директорот на Думбартон.
Знаејќи колку луѓе во Македонија се заразени со Football Manager, FIFA и останати фудбалски игрици, ќе го поштедиме директорот на Думбартон и нема да го откриеме неговиот мејл.