
Натаниел Кресвик и Вилијам Прест се виновниците за многу брачни кавги, нервози во кладилница и тепачки на трибини. Тие се заслужни за создавањето на најважната споредна работа на светот.
На денешен ден пред 155 години Кресвик и Прест го оформиле фудбалскиот клуб Шефилд, а следната година го објавиле и првиот официјален документ со фудбалски правила. Милиони луѓе секојдневно уживаат во убавиот спорт, го бодрат својот тим горди на секоја победа и лојални по ској пораз. Не ја делиме љубовта кон ист клуб, но ја делиме љубовта кон фудбалот. Среќен роденден ФУДБАЛ!
Најстариот фудбалски клуб на светот во моментов игра во осмата по ранг лига во Англија.