На рангирањето на Brand Finance се најдоа 250 спортски клубови, помеѓу кои се фудбалски клубови од целиот свет и клубовите од американската НБА кошаркарска лига, НФЛ рагби лига, НХЛ хокеј лига и МЛБ безбол лигата.
Највреден спортски бренд во светот е Манчестер Јунајтед кој е проценет на 853 милиони долари, односно 67 милиони долари повеќе од второрангираниот Баерн Минхен.
Европскиот фудбал ги држи првите четири позиции на листата. Зад Јунајтед и Баерн се наоѓаат екипите на Реал Мадрид и Барселона.
Сепак во просек рагби тимовите од НФЛ лигата вредат повеќе од фудбалските клубови. Вредноста на брендовите на сите 32 НФЛ клубови изнесува 9,1 милијарди долари, а вкупната сума за највредните 32 фудбалски клубови изнесува 7,3 милијарди долари.
Од 5-та до 9-та позиција на рангирањето се наоѓаат НФЛ тимови, а на 10-та позиција е безбол тимот Њујорк Јенкис.