Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Фудбалери ќе им враќаат пари на навивачи заради пораз

По елиминацијата од петолигашка екипа, фудбалерите на англискиот третолигаш Свиндон ќе им ги вратат парите на навивачите кои отпатуваа на гостувањето.

Се сеќавате ли на Горан Славковски?

Најмладиот фудбалер во историјата на Интер за кого се најавуваше дека ќе биде новиот Ибрахимовиќ и кого го убедуваа двајца македонски премиери, денес настапува за Македонија, но не репрезентацијата, туку екипа со ова име во шеста шведска лига.

Атланта славеше во Шарлот

Атланта Хокс ја забележа четвртата победа по седум одиграни натпревари во НБА лигата. „Јастребите" славеа на гостувањето кај Шарлот Бобкетс, а Перо Антиќ доби заслужен одмор од тренерот.

Лукоил со полн резервоар против МЕПСО

Започна петтото коло во Бизнис лигата со првите три интересни дуели на кои победи прославија екипите на Лукои, АМСМ и Eurolink.

Ѓоковиќ го освои Лондон

Во дуелот помеѓу најатрактивните тенисери на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал и ја одбрани титулата на завршниот турнир во Лондон.

Мартин Онил: Ди Канио е тренер шарлатан

Новоназначениот селектор на Ирска ја искористи првата прес конференција да го нападне неговиот наследник на клупата на Сандерленд, кој го замени кон крајот на минатата сезона и кој веднаш го обвини Онил за слабата форма на играчите.

Мурињо се врати во Мадрид

„Специјалниот“ повторно во Шпанија. Се моташе околу стадионот, ги мамеше навивачите, а на крајот се појави и на трибините на мечот помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад. Дел од луѓето беа ептен збунети и поверуваа дека е тој. 

Дриблинг на колото

Брзината и опасноста често пати доаѓаат од младите таленти кои знаат да бидам незгодни во играта еден на еден. Пример за тоа е 19 годишниот Депаи Мемфис од ПСВ кој многу умешно го измами својот чувар на мечот против Рода.

Реакцијата кога ќе тие се паднат Реал или Барса

Куп натпреварувањето е шанса за нисколигашите која би ја имале еднаш во животот да се сретнат со фудбалските гиганти. Две третолигашки екипи реагираа како да им се паднала седмица на лото кога за противници ги добија Реал Мадрид и Барселона.

Залута во шума, но стигна на време за натпреварот

Капитенот на англиската репрезентација за играчи до 21 година, Андре Виздом имаше непријатно искусто на пат за накај стадионот, но важно се извлече жив и здрав.

Миркуловски: Нема да му додавам повеќе на Стоилов

Откако пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов, во ТВ емисија рече дека не може да го поднесе, бекот на Металург, Филип Миркуловски преку Офф.нет му порача на својот колега од репрезентацијата дека во иднина помалку ќе му додава кога ќе играат за Македонија.

Изберете го голот на годината

ФИФА ги објави десетте номинирани голови за наградата „Пушкаш" во изборот за најдобар погодок за 2013-та година. Помеѓу номинираните ремек-дела има и голчишата на две претставнички од понежниот пол.

Малиот навивач дебитираше за првиот тим на Осасуна

Се исполни сонот на малото детенце кое со години беше снимано како страсно навива на трибините на стадионот на Осасуна. Хозе Гарсија на 16 години дебитираше за првиот тим на својот омилен клуб.

Офсајд лик на денот: Чад Смит

Денешниот наш офсајд лик не е спортист, туку тоа е тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс кој испровоцира навивачи и се покаја. Чад Смит го навлече гневот на навивачите на бразилскиот клуб Фламенго, па по смртните закани мораше да ги моли за прошка и да им се извинува на 1001 начин.

Дерби на срамот во Италија кое заврши по 20 минути

Оваа случка во третата италијанска лига некој би рекол дека може да се случи само во "дива лига". Гостинските фудбалери со симулирање на повреди намерно си го преполовија тимот и го принудија судијата предвреме да свирне крај.

Трета победа за Атланта Хокс

Атланта Хокс и Перо Антиќ ја забележаа третата победа по шест одиграни натпревари. „Јастребите" во Филипс арената беа подобри од Орландо Меџик.

Главоболка од статива

Мислевте дека вие имате лош ден на работа? А што да каже Хеико Вестерман од Хамбург? Неговиот тим загуби со 5:3 на гостувањето кај Баер Леверкузен, а поразот за него беше многу поболен од останатите негови соиграчи.

МЗТ го прекина постот и во АБА лигата

По три порази во низа, македонскиот шампион МЗТ Скопје ја прекина црната серија и во Јадранската лига совладувајќи ја екипата на Крка со 80:75.

Тикет на колото

Уште еден викенд за уживање преполн со квалитетни фудбалски натрпевари, а издвоивме пет од нив за нашиот тикет на колото.

Голови на неделата

Изминатата недела во националните првенства, Лигата на шампиони и во Лига Европа беа постигнати безброј прекрасни голови. Ова се најдобрите десет голчишта за последните седум денови.

Осврт на четвртото коло на Бизнис Лигата на Македонија

Финишираше и четвртото коло на Бизнис Лигата на Македонија во кое бевме сведоци на многу возбудливи натпревари.

Параолимпиец бил допингуван од поранешната девојка

Гундуз Исмаилов од Азербејџан по раскинувањето со девојката добил и шамар од неа. На Параолимпијадата во Атина му ставила недозволени средства во пијалокот за што доби доживотна забрана за натпреварување.

Врзување туѓи врвки е задржување на време

На натпревар во Саудиска Арабија се случи еден несвојствен потег за фудбалот. Напаѓачот се покажа како доста љубезен па зема да му ги врзува врвците на противничкиот голман, судијата тоа го протолкува како задржување време, но целиот чин на крај заврши со фер плеј.