Започна и трката за најдобар гол на годината во изборот на ФИФА и магазинот Франс фудбал. Љубителите на фудбалот од целиот свет ќе можат да гласаат за еден од десетте номинирани голови:
- Петер Анкерсен (Есбјерг)
- Лиса Де Вана (Скај Блу)
- Антонио Ди Натале (Удинезе)
- Златан Ибрахимовиќ (Шведска)
- Панајотис Коне (Болоња)
- Даниел Лудуена (Пачука)
- Немања Матиќ (Бенфика)
- Луиза Несиб (Лион)
- Нејмар (Бразил)
- Хуан Мануел Оливеира (Наутико)
Првиот круг ќе трае до 9 декември кога ќе се изберат трите гола со најмногу гласови по што ќе следува втор круг на гласање. Освојувачот на „Пушкаш" наградата ќе биде објавен на свеченоста при доделувањето на „Златната топка" за најдобар фудбалер на годината на 13 јануари 2014.
Гласајте тука.