За време на свирка во Хард Рок кафето во бразилскиот град Бело Хоризонте, тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс, Чад Смит се обиде да ги придобие симпатиите на локалните навивачи на Атлетико Минеиро. Но тоа го стори на многу лош начин.
Тој зема еден дрес на Фламенго и одглуми бришење на задник, без да размисли дека тоа ќе навреди 33 милиони навивачи кои овој клуб ги има во целиот Бразил. Проблемот бил уште поголем што по два дена Ред Хот Чили Пеперс имаа закажано концерт во Рио де Женеиро - домот на Фламенго.
Само неколку часа откако снимката од инциденто беше пуштена на интернет, Смит почна да добива дури и смртни закани од навивачите на Фламенго кои му се заканија дека ќе го убијат на концертот во Рио.
Откако сфатил што направи, тапанарот почна со серијата извинувања. Најпрвин тој им се извини на навивачите преку Твитер, а потоа облече дрес од Фламенго и излезе на улица да дели автограми. Дури и тоа не беше доволно, па Смит ги посети и фудбалерите на Фламенго и им подели маички од Чили Пеперс.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.