Таг: ред хот чили пеперс

Вил Ферел вс. Чад Смит, се случи

Мала историја: Ферел (глумецот) и Смит (тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс) не се во никакво сродство, ама изгледаат како да се правени со копи/пејст. Со години двајцата ги мешаат на интернет, сè до еден момент кога им пука филмот и решаваат да се пресметаат еден со друг - ферка во лупање тапани. Еве ја ферката од синоќа вечер кај Џими Фалон.

Офсајд лик на денот: Чад Смит

Денешниот наш офсајд лик не е спортист, туку тоа е тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс кој испровоцира навивачи и се покаја. Чад Смит го навлече гневот на навивачите на бразилскиот клуб Фламенго, па по смртните закани мораше да ги моли за прошка и да им се извинува на 1001 начин.