Членот на Ливерпул Андре Виздом кој од пред дваесетина дена настапува како позајмен играч во второлигашот Дерби одејќи накај стадион скршнал од патот и застанал во продавница, но тоа за малку ќе го чинело и пропуштање на првенствен натпревар.
Младиот дефанзивец се обидел со помош на навигацијата да стигне до стадионот „Прајд Парк", но поради изборот на покусиот пат, со поршето завршил во вир со кал од каде не можел никако да се извлече.
„Андре е нов и не ја познава оваа област. За сега престојува во хотел се додека не најде место за живеење. Тој ја внесол адресата на стадионот, но навигацијата во колата го однела по најлшоиот пат", вели портпаролот на Дерби.
Тој веднаш се јавил во клубот за да ја објасни ситуацијата во која се наоѓа, и за да стигне на време за натпреварот го оставил поршето. Случајот во полицијата го пријавиле минувачи во шумата кои го здогледале поршето кое се наоѓало на 10 километри од стадионот.
100.000 фунти вредниот автомобил на Виздом го извлекле со џип, а тој стигнал на време за мечот во Чемпионшип лигата против Шефилд на кој Дерби славеше со 3:0.