МЗТ го прекина постот и во АБА лигата

По три порази во низа, македонскиот шампион МЗТ Скопје ја прекина црната серија и во Јадранската лига совладувајќи ја екипата на Крка со 80:75.

На почетокот од натпреварот МЗТ одигра слабо и неагресивно во одбраната и по осум минути игра губеше со 12:19, а до крајот на првата четвртина прими 23 коша. За среќа Гечевски, Чековски и Дејвис беа на висината на задачата во нападот и по првиот период МЗТ губеше само со 20:23.

Кошаркарите тргнаа поагресивно во втората четвртина, а посебно во одбраната каде единствено имаа проблем со офанзивниот скок на противникот. Оваа игра веднаш донесе резултат и на полувремето МЗТ имаште позитива од +8 (39:31).

Во продолжението од натпреварот МЗТ рутински го одржуваше водството и по третата четвртина водеше со 58:50, а кошаркарите на Крка ја вратија неизвесноста дури во самиот финиш. Гостите во последната минута се доближија до -4 (74:70), но на крајот МЗТ сепак прослави победа од 80:75.

Најефикасен кошаркар во редовите на МЗТ беше Дамјан Стојановски со 14 поени, Гечевси и Рејнолдс постигнаа по 12, а Костоски, Чековски и Дејвис по 11 поени.

9 ноември 2013 - 22:46