Во ова коло најмногу се истакнаа следните поединци: Влатко Петровски кај ЕЛЕМ со постигнати 3 гола, Горан Новакоски кај Montenegro со постигнати 3 гола, Давор Калиновски кај ЈСП со постигнати 3 гола, Даниел Боневски кај SISTINA со постигнати 3 гола, додека Арбен Нухиу кај UNIQA е прогласен за најдобар 5-ти играч на колото со постигнати 2 погодоци.
За голман на четвртото коло е прогласен голманот на екипата на Eurolink – Дарко Атанасовски – кој успеа да не прими ниту еден гол во текот на целиот натпревар.
За тренер на четвртото коло е прогласен Тони Јанакиевски од Montenegro, кој ја предводеше својата екипа до победа со дури 7 гола разлика во натпреварот против Гранит.
Екипата на Eurolink е прогласена за најдобра екипа на ова коло, која преку добра одбрана успеа да не прими гол во текот на целиот натпревар, што навистина е реткост во натпреварите во Бизнис Лигата.