БЛ 5-то коло (прв ден)

Лукоил со полн резервоар против МЕПСО

Започна петтото коло во Бизнис лигата со првите три интересни дуели на кои победи прославија екипите на Лукои, АМСМ и Eurolink.

Лукоил со полн резервоар против МЕПСО
МЕПСО 2-8 (0-5) Лукоил
МЕПСО: Борис Трајковски 27', Александар Стојчевски 38'
Лукоил: Игор Дамјаноски 3', 7', 28', Љупчо Апостоловски 11', 12', 19', 32', Жарко Климкаров 24'
Екипата на Лукоил во првото полувреме против екипата на МЕПСО беше мошне расположена за игра која се карактеризираше со одличен напад кој во поголем дел од ситуациите завршуваше со погодок. Како причина за ова можеме да ја забележиме слабата игра во одбраната на МЕПСО, оттука и толку чисти удари кон нивниот гол. Во второто полувреме не забележавме некои позначителни промени. Кај екипата на Лукоил во играта во делот на нападот се издвои Љупчо Апостоловски со вкупно 4 дадени погодоци. Екипата на МЕПСО не успеа да најде противигра за Лукоил и го загуби овој натпревар со 2-8. Полувреме 0-5.

Dominos pizza не го помина техничкиот преглед на АМСМ
Dominos pizza 2-5 (1-3) АМСМ
Dominos pizza: Оливер Младеновски 3', 35'
АМСМ: Ивица Аврамовиќ 3', 15', 36', Филип Вељановски 6', Мартин Фотевски 24'
АМСМ во овој натпревар влезе доста мотивирано, со подеднакво добра игра како во нападот, така и во одбраната. Уште на самиот почеток од натпреварот кај нив беше видлива желбата за победа, која не изостана во текот на целиот натпревар. Кај екипата на Dominos pizza немаше добри решенија во нападот, додека пак играше добра одбрана, но само со одбрана не можеше да очекува победа во овој натпревар кој го загуби со 2-5. Полувреме 1-3.

Eurolink ги осигура головите преку транспортот на Оилко
Eurolink 3-2 (1-0) Оилко
Eurolink: Никола Костовски 16', Игор Ристевски 33', Јовче Зузаровски 37'
Оилко: Владимир Арсов 38', 40'
Исклучително неизвесно прво полувреме во кое и двете екипи прикажаа одличен фудбал. Се играше доста цврста одбрана на двете страни што може да се види преку само еден постигнат гол од страна на екипата на Eurolink. Екипата на Оилко не успеа да изедначи, па се отиде со еден гол на полувремето. Во второто полувреме екипата на Оилко почна со нешто поофанзивна игра настојувајќи да го изедначи резултатот. Но екипата на Eurolink постигна два погодоци со кои резултатски се одлепи за да буквално во последната минута од натпреварот екипата на Оилко постигна два гола, со што влеговме во неизвесна завршница во која немаше доволно време за целосен пресврт. Екипата на Оилко го загуби овој натпревар со 3-2. Полувреме 1-0.

ТРИ ВОЗБУДЛИВИ НАТПРЕВАРИ ВО ВТОРАТА ВЕЧЕР НА ПЕТТОТО КОЛО
Вечерва уште три возбудливи натпревари ќе се одиграат во малата сала на СЦ Борис Трајковски во рамките на петтото коло од Бизнис Лигата на Македонија. Екипите кои вечерва ќе се обидат да остварат подобар резултат се следниве:

ЕВН - SISTINA 19:30
Гранит - UNIQA 20:30
One - Montenegro 21:30

11 ноември 2013 - 23:42