Олимпик де Хатива е мал клуб од близината на Валенсија кој никогаш не мрднал повисоко од третата шпанска лига. Оваа година тие некако ги минаа првите три кола од шпанскиот куп и се пласираа во 1/16-финалето - фазата од купот кога се приклучуваат и гигантите од шпанската Примера.
Среќата сакаше во ова коло тие да се паднат со Реал Мадрид, нешто за што претседателот на клубот и фудбалерите цел живот сонувале.
Претседателот на клубот го следеше извлекувањето во живо и не можеше да ја сокрие радоста, а во делириум беа и фудбалерите кои го гледаа извлекувањето во клупските простории.
Ништо посмирени не беа ниту фудбалерите на Картахена. Тие имаат малку поголемо искуство со играње против поголеми екипи затоа што во минатото играле против прволигаши во купот, а лани се натпреваруваа во втората лига. Но сепак и тие не можеа да се смират кога за противник ја добија Барселона.