Атланта славеше во Шарлот

Атланта Хокс ја забележа четвртата победа по седум одиграни натпревари во НБА лигата. „Јастребите" славеа на гостувањето кај Шарлот Бобкетс, а Перо Антиќ доби заслужен одмор од тренерот.

По шест одиграни натпревари за само десет дена, Перо Антиќ доби одмор од тренерот Баденхолцер и не настапи на последниот дуел во Шарлот.

Неговите колеги предводени од Хорфорд и Тиг одиграа одлична трета четвртина кога направија солидна предност која ја одржаа до крајот за триумф од 94:103.

Ал Хорфорд постигна 24 поени, Џеф Тиг имаше учинок од 14 поени и 12 асистенции, а одличен беше и Мартин со 16 поени. Најефикасен во поразениот тим беше Мекробертс со 19 поени.

По седум одиграни натпревари екипата на Атланта се наоѓа на првата позиција во Југоисточната дивизија пред Мајами Хит и втора на Источната конференција зад перфектната Индијана.

Во четврток наутро во 2 часот по македонско време, Атланта ќе ги пречека кошаркарите на Њујорк Никс.

На останатите натпревари, Индијана ја продолжи серијата победи, Клиперси ја победија Минесота, Хјустон славеше над Торонто по две продолженија, а Чикаго го совлада Кливленд на натпревар на кој Роуз ја напушти играта во последната четвртина заради повреда. Првичните информации се дека повредата не е сериозна.

Резултати:

Индијана - Мемфис 95:79
Филаделфија - Сан Антонио 85:109
Шарлот - Атланта 94:103
Бостон - Орландо 120:105
Чикаго - Кливленд 96:81
Хјустон - Торонто 110:104 (87:87, 95:95)
Јута - Денвер 81:100
Портланд - Детроит 109:103
ЛА Клиперс - Минесота 109:107

12 ноември 2013 - 08:27