39-от дуел меѓусебен дуел му припадна на Новак Ѓоковиќ кој повторно не му дозволи на Надал да освои сет. Ноле со победата од 6:3, 6:4 ја одбрани тутулата која минатата година на истото место ја освои против Роџер Федерер и на најдобар начин ја заокружи годината.
Во неизвесен дуел на неподените на Мастерс турнирот во Лондон, Ѓоковиќ го победи индиспонираниот Надал и по трет пат во кариерата ја освои оваа титула.
Надал одигра под своето препознатливо ниво од оваа сезона, па му дозволи на Ѓоковиќ да триумфира по два сета и по еден час и 36 минути игра.
Ова беше 22-ра победа во серија за Ѓоковиќ и 17-ти триумф во меѓусебни дуели, 41-ва титула во кариерата и седма титула оваа сезона.