Уште едно одлично дефанзивно издание за Перо Антиќ, на кого му се припишуваат заслугите за сопирањето на најдобриот кошаркар на Орландо Меџик, Никола Вучевиќ. Црногорецот кој претходно имаше просек од 17,2 поени и 13,2 скока, на овој натпревар оствари само седум поени и шест скока.
Антиќ одигра 18 минути во победата на Атланта над Орландо со 104:94 за кои имаше учинок од два поени, еден скок и две асистенции.
Најефикасен во редовите на Атланта беше Џеф Тиг со 19, а Пол Мислеп постигна 18 поени.
Во вторник во 1 часот наутро по македонско време, Атланта гостува кај Шарлот.