Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Денот кога зовре ривалството меѓу Јунајтед и Арсенал

Викендов старите ривали повторно ќе излезат на мегдан на Олд Трафорд, местото каде пред 10 години кулминираше омразата помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Оси прекинаа меч во Перу

Ниту навивачки нереди, ниту силно невреме, туку рој на оси прекинаат фудбалски натпревар во Перу. Публиката почна да бега, а лекарска помош мораше да добие судијата пред мечот да продолжи.

Интелигентниот Озил бил вешт шахист

Ова не значи дека фудбалот му била втора љубов, туку напротив тој си легнувал со топката во кревет, а во школските денови играл одлично шах. Го бивало и за математика, а денеска знае одлично да ги дума потезите на терен и е еден од најдобрите плејмејкери.

Третолигаш со 60.000 навивачи

И додека македонскиот шампион го следат во просек по 175 гледачи, во земјите каде вистински се цени фудбалот, навивачите не го напуштаат својот клуб дури ни кога ќе падне на дното. 60.000 навивачи го бодреа бразилскиот третолигаш Санта Круз, клубот кој и во четвртата лига имаше во просек по 39.000 гледачи.

Блатер: А да организираме Мундијал со 128 селекции?

Првите луѓе на ФИФА и УЕФА не можат да најдат заедниничи јазик, особено не за некои големи промени во фудбалот.

Фудбалер претепан заради промашен пенал

Челниците на клубовите во Перу имаат чуден начин за мотивирање и казнување на фудбалерите. Еден играч бил претепан по наредба на претседателот на клуб откако промашил одлучувачки пенал.

Бананата на Хиксон над Антиќ

Блокадата на вечерта на натпреварот помеѓу Денвер и Атланта беше дело на Хиксон, а за жал втората главна улога во оваа акција ја имаше Перо Антиќ.

Седум поени за Перо во драматичен пораз кај Денвер

Нашиот претставник во најквалитетното кошаркарско натпреварување го одигра за него рекордното време на паркетот и постигна најмногу поени до сега во НБА лигата, но Атланта Хокс забележаа минимален пораз на гостувањето кај Денвер Нагетс.

Најдоброто од Лига Европа

На вечерашните натпревари во Лига Европа беа постигнати вкупно 53 голови. Ова се најдобрите пет.

Тотенхем, Фиорентина и Салцбург перфектни во Лига Европа

Само три екипи имаат максимален учинок по четири одиграни натпревари во Лига Европа, а на две кола до крајот на групната фаза екипите на Валенсија, Лудогорец, Салцбург, Есбјерг, Рубин, Фиорентина, Дњипро и Тотенхем обезбедија пласман помеѓу најдобрите 32 во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Морбидни навивачки шеги во Бундес лигата

Во петок се игра дербито меѓу големите ривали Хановер и Брауншвајг, но меѓусебното навивачко тролање им е откриено пред време.

Гатузо: На Берлускони не би му дал да тренира ниту деца

Откако пред неколку дена на тв Раи имаше доста занимливо интервју во кое раскажа како Пирло му го злоупотребил мобилниот телефон, поранешниот "борец" од Милан удри со дрва и камења по неговите поранешни газди.

Од Серија А заврши во четврта бразилска лига

Се сеќавате ли на брзото крило Мансини кој беше еден од најопасните играчи на Рома? Епа сега се подготвува за кам бек кој не е баш за фалење.

Корејска фудбалерка обвинета дека е фудбалер

Неколку клубови од женската фудбалска лига на Кореја се заканија со бојкот на првенството ако не се направат тестови за да се докаже дека најдобрата фудбалерка во лигата е женско.

Борба за нокаут фазата во Лигата на Европа

Идентично како во Лигата на шампионите, четвртата рунда и во ова европско натпреварување е практично второ полувреме, односно реванш средби од минатото коло во сите 12 групи. Вечерва најблиску до нокаут фазата ќе бидат осум екипи.

Олимпискиот оган изгасна 44 пати

Русите го однесоа Олимпискиот оган до Северниот пол, а ќе го однесат и до вселената на патот долг илјадници километри до Зимските Олимписки игри во Сочи, но никако не можат да го одржат пламенот.

Еклстоун и вратата

Берни Еклстоун не само што е прв човек на Формула 1 и има огромно богатство, туку е еден од најмоќните луѓе во спортот, но кутриот старец не може да се снајде со една ротирачка врата.

Како се руши „Жолтиот ѕид“ на Дортмунд

Јужната трибина на Вестфален стадионот, пополарно наречена „Жолт ѕид" е позната по својата атмосфера и гласни навивачи, но тие можат да бидат замолкнати.

Елиминирани од купот заради кал

Наше длабоко сочувство за екипата на Круоја која беше елиминирана од Купот на Литванија заради каллив терен. При водство од 1:0 на натпреварот против Жалгирис, тие беа спречени да го зголемат водството од страна на блато пред противничкиот гол. Фудбалерите на Жалгирис постигнаа два гола во 89-та и 90-та минута и се пласираа во полуфиналето.

Нејмар, Јанг, Видал... и другите фудбалски фолиранти

Нејмар одглуми пенал против Милан, претходно тоа му успеа и на Јанг од Манчестер Јунајтед против Сосиедад, но не и на Артуро Видал од Јувентус кој беше фаулиран од тревата на Сантјаго Бернабеу. Ова се дел од неубедливите фолиранти.

Eurolink супериорен против Општина Карпош

Со победите на UNIQA, Eurolink и SISTINA, заврши четвртото коло од Бизнис лигата на Македонија.

Најдобрата акција во Лигата на шампиони

Во четвртото коло на Лигата на шампиони беа постигнати прекрасни голови, но убавината на фудбалот не е само во головите. Некои добри акции се прераскажуваат подолго и од голови. Една таква убава акција ја изведоа фудбалерите на Ајакс на натпреварот проитв Селтик, а на крајот оваа акција беше крунисана и со погодок.

Голманскиот подарок за Ето

Челси поведе против Шалке благодарение на голманскиот хорор потег на Тимо Хилдебранд кој Самуел Ето ладнокрвно го искористи.