Мансини се прослави во екипата на Рома за која настапуваше во периодот од 2003 до 2008 година и беше од главните играчи во средниот ред. Навивачите најмногу го засакаа кога постигна гол со петица во римското дерби.
Но ако до пред некоја година беше дел од едно од најквалитетните лиги во светот, сега ќе настапува за екипата на Вила Нова која се натпреварува во четвртата бразилска лига Серија Д пред стадионче кое собира 15.000 гледачи.
33 годишниот Амантино Мансини не е престарен за да не може да биде дел од некое клавитето прволигашко друштво, но по Рома имаше неуспешни авантури во двете екипи од Милано, а Италија ја напушти со обвинение за силување и со проблеми со алкохолот.
Следната негова дестинација беше Атлетио Миниеро со кој освои еден трофеј во Бразил, но ако е се уште љубител на чашката доста му е статусот на четвртолигаш, а со таков пад на кариерата може да го сместиме и тука.